Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез се повреди на контролниот натпревар меѓу Колумбија и Чиле и поради ова ќе мора да заборави на играњето фудбал до крајот на оваа календарска година.

Според лекарскиот тим на Чиле, Санчез има дислокација на скочниот зглоб и поради ова ќе мора да биде извршен дополнителен преглед, а можно е и да мора да биде извршена операција.

Санчез е позајмен во Интер од Манчестер Јунајтед а во последните две години повеќе е во болница околку на тренинг.

Антонио Конте најави дека очекува Санчез во ноември да го покаже својот квалитет, но очигледно тоа нема да се случи, а навивачите на Интер ќе мора да почекаат за да го видат Санчез одново во почетниот тим.