Кристијан Ериксен можеби и ќе остане во Интер и по завршувањето на зимскиот преоден рок откако Конте решил да му ја прoмени позицијата и да го проба како последен играч за врска.

„Имавме време да поработиме со Ериксен во однос на тактичкото позиционирање како плејмејкер, нешто што во моментов го работи Брозовиќ. Очекувам многу од него на таа позиција.“ – изјави Конте.

Интересно е тоа што тренерот на Интер неодамна истакна дека Ериксен не може да игра како последен играч за врска затоа што така ќе ги загуби сите свои квалитети на теренот кои го прават добар играч но на многу поофанзивна позиција.

Ериксен доби шанса на позицијата последен играч за врска токму во победата над Фиорентина од Купот на Италија од 2:1.