Тренерот на Интер, Антонио Конте, зборуваше за своите очекувања од денешната средба со Лацио. Стратегот уште еднаш ја искористи можноста да укаже на тоа дека Јувентус е прв фаворит во шампионатот, нарекувајќи го дуелот на Интер и Лацио (средба на аутсајдери).

„Секако, тоа ќе биде тешка средба. Лацио е сериозна сила во италијанскиот фудбал, а во оваа сезона тие станале уште бодобри и ги сочуваа своите главни играчи. Симоне Инзаги направи одлична работа. Тоа ќе биде рамноправен натпревар во кој двете екипи ќе играат според својот стил и двете ќе играат на победа. Дали е ова меч за првак? Не, ова ќе биде натпревар на двајца аутсајдери“, изјави Конте за Football Italia.

Средбата се игра денес, со почеток во 20.45 часот.