Уверен дека ќе успее да го врати Интер на врвот во Италија, Антони Конте денеска ги потврди неговите планови како предводник на тимот кој се соочува со низа проблеми во овие моменти.

„Одлуката да дојдам во Интер беше лесна. Јас сум во еден од најважните клубови во светот со кој делиме слични амбиции. Можам да им ветам на навивачите дека ќе ги направиме горди. Одлуката за дел од играчите веќе е донесена и јас стојам зад решението на управата“. – изјави Конте на првата прескофенренција како тренер на Интер.

Наскоро се очекува да биде познато што ќе се случи со Наиголан и со Икарди кои се пред заминување од Интер.