По ремито со Парма во Серија А, и без Лукаку кој е повреден, фудбалерите на Интер вечерва имаат тешка задача во ЛШ.

Гостувањето кај Реал Мадрид доаѓа во непријатно време за составот на Конте кој на последните шест натпревари има само една победа, онаа на гостувањето кај Џенова.

„Фокусиран сум на Интер и се возбуден, создаваме нешто посебно. Имав шанса да бидам тренер на Реал Мадрид во минатото но не ја искористив. Ги почитувам. Секој натревар е важен за нас и на секој се обидуваме да освојуваме бодови. Подготвени сме за натпреварот, нема да им се криеме, ќе се соочиме со нив без страв како и секогаш.“ – вели Конте.