Интер запиша важна победа против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, со трите бода од Германија екипата од Милано остана во игра за нокаут рундата во елитата на УЕФА.

Антонио Конте се врати во живот по триумфот во Менхенгладбах, изјави дека оваа екипа има победнички дух кој на сите им прави проблеми.

„Живи сме, одигравме тимски, победнички, со ваков пристап им создаваме проблем на сите противнички екипи, честистки за моите играчи, ја прифатија одговорноста, само вака ќе растеме на резултатски план, ќе напредуваме“ – изјави Конте по победата во Германија.

На Интер му е потребна победа против Шахтјор во последното коло, но зависи и од дуелот Реал -Борусија кој не смее да заврши нерешено за пласман во следната фаза на ЛШ.