Интер утре го пречекува Милан со мала фаворитска улога на дербито за Милано.

Тренерот на Интер, Антонио Конте, на прес конференцијата денеска изјави дека очекува поинаков натпревар утре од оној во септември кога Интер славеше со 2-0 во првиот дел од сезоната.

„Милан има многу промени, имаат нов тренер, го имаат екстра Ибрахимовиќ, не можете да очекувате ист натпревар како во сптември. Секогаш е тешко на вакви дерби мечеви. Милан заслужи да освои повеќе бодови во првенството. Ние се засиливме во јануари, на некои играчи им е потребно време за адаптација, Ериксен е еден од нив, во Италија се игра многу поинаку отколку во Англија“  – изјави Конте.

Интер победи на првата средба во септември со головите на Брозовиќ и Лукаку во второто полувреме.