Додека навивачите на Интер се радуваат на големата победа над Јувентус во Серија А, Конте потсети на финасиската криза во која се наоѓа клубот и посочи што треба да направат за да бидат фаворити за шампионската титула во Италија.

„Да се победи тим како што е Јувентус е важна работа за секој во Италија, тоа се прави само со перфекција. Одлично е чувството кога ќе го „повредите“ Јувентус, момците добро се подготвија за оовј натпревар и мислам дека ова ќе им даде дополнителна самодоверба. Знаат дека го победија шампионот кој девет години е на врвот, им честитам. Ова е напредок за Интер по година ипол нпорна работа. Жалам за нашата елиминација во Лигата на шампионите, моравме да бидеме подобри, разочарани сме и ги лечиме нашите рани брзо. Финасиските проблеми во Интер траат од август, за тоа мора да се најде решение, во однос на титулата во Италија, може да бидеме фаворити ако бидеме мудри во овој преоден рок.“ – изјави Конте.

Во следното коло Интер ќе му гостува на Удинезе во обид да дојде до 13-тата овосезонска победа во Серија А.