Интер денеска не смее да си дозвили нов кикс во Лигата на шампионите на дуелот со Борусија Менхенгладбах во 5 коло.

Избраниците на Конте собраа само два бода по четири меча во ЛШ оваа сезона и ако сакаат да се надеваат на осминафинале, мора пред се да победат против Бундеслигашот и да се надеваат на резултат од мечот на Реал Мадрид и Шахтјор кој ќе им одговара.

„Имаше многу грешки од моите играчи во носењето одлуки против Реал Мадирд. Тоа мора да го заборавиме и да покажеме дека сме во поинаква форма сега. Ова е важен натпревар во ЛШ, против силен тим и ние ќе мора да бидеме на најдоброто можно ниво. Хакими мора да научи да игра одбрана подобро. Тој има голем потенцијал но мора да напредува брзо.“ – изјави Конте.