Трофејниот тренер Антонио Конте го презема Интер во летото 2019-та година, а сега на славниот клуб од Милано му го донесе Скудетото број 19, прво после 11 години. Сепак, иднината на Конте на Џузепе Меаца е неизвесна. Италијански Скај Спорт пишува дека лесно би можело да се случи Конте да го напушти клубот летово. Истиот извор наведува дека во тој случај неколку играчи и добар дел од управата на Интер ќе го напуштат Милано.

Скај Спорт пишува дека сопственикот на интер, кинескиот милијарддер Стивен Жанг, од Конте и од фудбалерите побарал да се откажат од две плати како финансиски би му помогнале на клубот, кој изгуби доста пари поради пандемијата.

Наводно Конте ја одбил оваа опција, а според италијанските медиуми, Жанг уште еднаш ќе се сретне со тренерот, кој веќе ја откажа прес конференцијата пред мечот со Рома, за што е можно повеќе да го сопре ширењето на разни гласини.

Поранешниот тренер на Јувентус се уште не го потврдил своето останување на Сан Сиро, а Кориере Дело Спорт тврди дека двете страни ќе седнат заедно или по мечот против Јувентус или против Удинезе.

Кориере Дело Спорт пишува дека неколку од најголемите ѕвезди на клубот се спремни да го напуштат Интер, ако тоа го направи Конте, а исто мислење имаат и директорите на клубот Џузепе Марота и Пиеро Аусилио.