Вчерашното дерби од Серија А меѓу Лацио и Интер понуди одличен натрпевар во кој домаќините славеа со 2-1. Гостите во финишот на првиот дел дојдоа до водство преку Ешли Јанг, но лациалите преку Имобиле и Миленковиќ- Савиќ стигнаа до целосен пресврт.

Предводникот на „неразурите“, Антонио Конте, беше задоволен од играта на неговите играчи на „Олимпико“, но истакна дека превсртот на Лацио беше резултат на нивните грешки во дефанзивата.

„Одигравме одлична партија, но резултатот не го покажува тоа. Како да се исплашивме кога поведовме, па потоа ги почестивме со два гола. Осцилациите во нашата игра сеуште постојат. Момците мора да бидат поопуштени кога имаат добри резултати во дерби натпреварите. Има уште многу до крајот, мора да се издигнеме и да се подготвиме за следниот предизвик“ – изјави италијанецот.

 По ова коло Јувентус е лидер со еден поен предност пред Лацио и три во однос на Интер.