Интер е цврсто решен да опстои во идејата во трката за титулата во Италија а за таа цел е подготвен да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Според медиумите од Шпанија но и од Италија, Антонио Конте во јануари прво сака во составот да го добие Артуро Видал од Барселона.

Поранешниот играч на Јувентус и на Баер Леверкузен е пред заминување од „Камп Ноу“ но засега нема потврд за тоа колку пари ќе бара Барселона за да се раздели со Чилеанецот.