Интер за прв пат е поразен на официјален меч сезонава, по шесте победи во калчото, нерешениот меч со Славија Прага во Милано во Лигата на шампионите, следуваше пораз од Барселона со пресврт, 2-1 во елитното натпреварување на УЕФА.

Антонио Конте е гневен на судијата  Дамир Скомина од Словенија, бара еднаков третман и ништо повеќе, посочи многу грешки.

„Видов многу работи кои не ми се допаднаа, немавме ист третман, кога сугерирав добив одговор дека ќе добијам црвен картон. Ова е судија со искуство, не смееше да си дозволи такви грешки и да фаворизира еден тим. Не го заслуживме овој пораз“ – изјави Конте.