Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората по крајот на сезоната може да ги напушти „јорганџиите“, а според „Марка“ причина за тоа е Единсон Кавани.

Уругваецот е една од желбите на Диего Симеоне и во случај да пристигне во шпанската престолнина, Мората може да си замине и тоа во редовите на Интер кои пројавуваат интерес за него.

„Нероаѕурите“ се во потрага по замена за Лаутаро Мартинез, кој многу веројатно престојното лето ќе го напушти Интер и ќе замине во редовите на Бареселона.

За потсетување, Мората и Конте соработуваа во Јувентс, а откупната клаузула на Шпанецот е 50.милиони евра.