Антонио Конте по победата на Интер против Аталанта во последното коло, посочи дека нема голема поддршка од клубот.

Тренерот на Интер во изјава по мечот со екипата од Бергамо смета дека клубот не ја препознал неговата работа.

Ова ја разбранува јавноста во Италија, пред се навивачите на Интер кои сметаат дека пораката на Конте  е дека тој можеби заминува од клубот.

„Секоја чест на играчите, напредувавме, но мораме да бидеме паметни и да не славиме бидејќи разликата помеѓу нас и Јувентус е огромна. Лично не сум задоволен. Мислам дека мојата работа не ја препозна раководството како ни работата на фудбалерите, не сме заштитени од клубот. Мораме да разговараме за тоа, морам да се видам со претседателот кој се наоѓа во Кина“ – изјави Конте.

Конте е еден од најдобро платените тренери во Италија и Европа, критиките се дека Интер можел повеќе сезонава, второто место не носи причина за задоволство и радост.