Поранешниот тренер на Интер, Јувентус Антонио Конте треба да донесе одлука дали во новата сезона ќе води клуб или репрезентација или пак ќе работи како стручен коментатор.

Скај Спорт Италија“ испратил понуда до 51-годишниот фудбалски стратег да стане експерт (коментатор) на нивниот канал. Преговорите се во напредна фаза. Конте се очекува да работи за натпреварите од Лигата на шампионите.

Конте летово го напушти Интер, откако на „нероаѕурите“ им донесе шампионска титула по пауза од 11 години, најави дека нема да прави поголема пауза но засега нема најдено нов клуб каде би работел како главен менаџер-тренер.