Горан Пандев е во големото друштво на најдобрите во историјата на Серија А, во друштво на Тоти, Дел Пјеро, Батистута.

Ова откако капитенот на Македонија постигна два гола во ремито на Џенова со Беневенто од 2: 2 и дојде до 100 гол во кариерата во Серија А.

Изјава и на тренерот на Интер, Антонио Конте по 100-от гол на Пандев, му порача да не се пензионира.

„Пандев беше реална желба на Интер во преодниот рок во јануари 2020 година, Тоа го знаат сите, ќе му порачам да продолжи да игра. Сè додека има желба да тренира, да игра фудбал“, изјави Конте за Скај Италија.

Пандев му возврати дека тој сè уште е навивач на Интер.

„Секако дека сум навивач на Интер., сакам да му честитам на тренерот Конте за успешната сезона, убеден сум дека ова е вистинската за освојување на скудетото“ – изјави Пандев.