Предводникот на Интер, Антонио Конте беше задоволен од играта во нападот против Фиорентина. Победата од 4:3 ја окарактеризира како заслужена но побара од неговиот тим да продолжи да работи напорно и да напредува.

„Трите бода се најважни, но само ако соодвествуваат со целокупните перорманси. Мислам дека позитивно нешто е што постигнавме четири гола. Имавме многу шанси и и создадовме многу проблеми на Фиорентина. Моите момци знаат дека мора да се подобрат, балансот меѓу нападот и одбраната е клучен елемент. Ерикесен беше одличен, се надевам дека ова ќе предизвика искра и ќе му помогне да напредува.“ – изјави Конте.

Тренерот на Интер потврди дека ужива во развојот на тимот и времето минато во овој клуб со ветување до навивачите дека оваа сезона ќе биде подобра во однос на ланската.

Во следното коло од Серија А, Интер ќе му гостува на Беневенто.