Тренерот на  Интер, Антонио Конте, за „Скај Спорт Италија“ истакна дека одлуката на државата,  Дербито на Италија против Јувентус да се игра на празен стадион не е убаво за фудбалот.

Причина за ваквата одлука е коронавирусот, кој го зафати северниот дел на Италија. Неделниот  натпревар на Интер против Сампдорија од исти причини исто така беше одложен, а веќе утре Интер пред празни трибини ќе го дочека Лудогорец во рамки на Лигата на Европа.

„Мислам дека играњето зад затворени врати не е убаво, на фудбалот му требаат навивачите, тие ја прават  целата атмосфера, тоа е најубавата работа“-истакна Конте.

„Нероаѕурите“ следните 10. дена ги очекуваат два исклучително тешки натрпевари, прво со Јувентус во Серија А, па реванш дуелот со Наполи во Купот на Италија.

Имаме натрпупан распоред, фактот дека мечот со Сампдорија беше одложен ни даде време да се одмориме. Спремни сме за предизвиците кои престојат, а ќе видеме како на крајот ќе завршиме“-заклучи Италјанецот.