Познато е дека Антонио Конте има луда етика на работа, а италјанецот тоа го потврди синоќа кога неговиот Интер славеше во градското дерби против Милан со 2-0. Имено, по триумфот Конте ги натера оние фудбалери кои не влегоја во игра да тренираат, додека нивните соиграчи ја славеа победата во соблекувалната.

Ова покажува дека дисциплината е најважната работа за Конте, кој веднаш откако дојде во Интер ја пренесе во соблекувалната. Прво што направи, ги избрка Икарди и Наинголан, бидејќи изминатата сезона носеа само револт во редовите на Интер.

Ваквиот начин на работа барем засега носи резултати, бидејќи Интер има четири победи во исто толку кола во Серија А, а последната е остварена на „гости“ кај лутиот ривал Милан.