Интер по 11 години пауза стана шампион на Италија и сосема заслужено го освои 19-тото Скудето во клупската историја. Антонио Конте, тренерот на Интер е меѓу најзаслужните што клубот од Милано го прекина деценискиот пост без титула во Серија А, а посочи дека ова му е еден од најголемите успеси во тренерската кариера.

„Освојувањето на титулата е дефинитивно меѓу моите најголеми и најважни успеси во кариерата. Воопшто не беше лесно да се прифати предизвикот да го водам Интер, бидејќи екипата немаше победнички менталитет пред да ја преземам работата. Ова е добар одговор на критиките по нашата елиминација во ЛШ, ги искористивме тие критики на позитивен начин и направивме фантастичен подвиг. Вечерва среќни ќе си легнеме во кревет да спиеме“, изјави Конте.