Интер го победи Милан со 2:0 во дербито на колото во Серија А но за медиумите во Италија интересен беше и одговорот на Антони Kонте за вербалната расправија меѓу Брозовиќ и Лукаку.

Објаснување за пријателската врска која владее во соблекувалната на Интер даде Антонио Конте кој очекувано беше задоволен од победата.

„Тие се добри момчиња. Многу пати ме изнервирале затоа што се одлични фудбалери и мора да бидат малку по лукави на теренот. Тоа што се расправаат значи дека им врие крвта, многу пати и мене ми се случувало истото. Сето тоа се заборава по вечерата, сега се пријатели како и предходно.“ – посочи Антонио Конте.

Тренерот на Интер верува дека со Лаутаро и со Лукаку, неговиот тим може да има успешна сезона но за тоа потребен е развој.

„Мора многу да работиме за да се подобриме, имаме талентирани играчи. Ова беше моето прво дерби тука и сакав да оставиме добар впечаток.“ – додаде Конте.