Интер вечерва на гостувањето во Германија кај Борусиа Дортмунд го игра решавачкиот меч за прогрес во осминафиналето во Лигата на шампион.

Минатата сезона „нероаѕурите“ својот настап го завршија уште по групната фаза, откако поради полоша гол разлика испаднаа во однос на Тотенхем кој подоцна стигна до големото финале. За важноста на овој меч е свесен и Антонио Конте, кој на располагање го има повторно Сенси кој сезонава е вистинска сензација во редовите на Интер.

„Опоравен е, веќе одработи трета тренинг сесија со тимот, првиот уште на гостувањето во Болоња. На располагање е, треба да размислам како да го употребам, дали од почеток или во текот на натпреварот“, изјави Конте.

Борусија и Интер играат вечерва од 21.00 часот на „Сигнал Идуна Парк“  стадионот во Дортмунд, попознат по старото име „Вестфален“.