Тренерот на Интер го прокоментира потегот на Жозе Мурињо, откако Португалецот ја прифати понудата да ја предводи Рома во новата сезона.

Овие двајца тренери имаа жестоки дуели кога беа во Премиер лигата па вербалната војна се очекува сега да продолжи во Серија А.

„Ова се одлични вести за сите, му посакувам се најдобро, освен кога ќе ја води Рома против Интер. Секако дека многу се почитуваме. Што се однесува во мојот договор, не е сега време за тоа, најдобро е да уживаме во тоа што го имаме.“ – изјави Конте.

Интер е новиот првак на Италија, а во летниот преоден рок се очекува Конте да добие трансфер буџет од околу 100 милиони евра.