Антонио Конте презадоволен од начинот на кој неговиот тим одговорил по негативата од првиот дел на мечот со Лидс.

„Важни се овие три бода, победивме во многу тежок меч. Се мачевме во текот на првото полувреме од тактичка страна, но и Лидс физички внесе силен интензитет во мечот во првиот дел, вршеа притисок на сите делови од теренот“- изјави Конте по мечот, па продолжи.

„Во второто полувреме ја променивме тактиката и планот, игравме со повеќе интензитет отколку они, створивме многу шанси и мислам дека залуживме да победиме. Лидс во првото полувреме беше навистина добар, беа побрзи од нас на топка и многу ми е мило што во второто полувреме добија добар одговор од нашите играчи. Во второто полувреме од првата минута ја променија ситуацијата во потполност. Играа добро и со многу самодоверба и тоа даде резултат.“

Италијанскиот тренер со сите тимови кои ги има водено во првиот меч на домашен терен запишувал победа.