Антонио Конте и неговиот тим Интер синоќа ја остварија  8 сезонска победа во Серија А  против Бреша, но и покрај овој триумф италјанскиот стратег е загрижен поради големиот број на натпревари кои „нероаѕурите“ ги играат во краток период.

Тешко е да зборуваме за натпреварот, затоа што ние одигравме 4 натпревари за 9 дена со истите играчи. На крајот, бодовите се она што се прокнижува на табелата, а ние сторивме нешто посебно. Се што можам да направам е да им се заблагодарам на момците за духот кој го покажаа, вие мора да ги добивате натпреварите за да освоите нешто“-изјави Конте.

Со оваа победа Интер изби напред на табелата, пред Јувентус кој има и натпревар помалку и допрва треба да го одигра.