Во најмала рака резултатите од Ковид-19 кои ги добиваат во нашата фудбалска репрезентација се контрадикторни.

Според последното тестирање во тимот на Милевски, НЕМА позитивни на Ковид-19, иако пред два дена имаше неколкумина позитивни.

Од ФФМ потврдија дека ситуацијата е интересна, особено поради фактот дека сите фудбалери кои пред два дена беа позитивни, сега на повтореното тестирање се негативни.

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година во вторник на теренот на ФФМ ги пречекува врсниците од Црна Гора во последниот натпревар од Евроквалификациите.