Англичанецот Мајкл Оливер (34) е делегиран за главен судија на утрешната средба меѓу Австрија и Македонија на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена.

Мајкл Оливер е еден од најконтроверзните судии во Премиер лигата и често е напаѓан од навивачите за калкулантското судење на дерби дуелите.

Оливер е искусен судија со знакот на ФИФА од 2012, во елитата на УЕФА е од 2018 година, за прв пат и суди на Македонија, но и на Австрија.

Австрија со нерешено или победа ќе го потврди пласманот на ЕП 2020 година, Македонија има теоретска шанса но Лигата на нации е најизгледната можност з аплсман на завршниот турнир на едно големо натпреварување за прв пат во историјата.

 

Стадионот „Ернст Хапел“ не е  распродаден, според информациите  од австриските медиуми,  продадени се околу 40.000 билети за вечерашниот меч, капацитетот е 48.000 места.