Дефанзивецот на корејскиот прволигаш Сеул, Ким Нам-чун е пронајден мртов на паркинг пред една зграда во престолнината.

Полицијата соопшти дека не пронашла траги на насилство врз телото на 31 годишниот фудбалер и оти најверојатно станува збор за самоубиство.

Ким целата своја кариера ја мина во редовите на Сеул.