Интер е во големи финансиски проблеми откако во криза падна кинески Сунинг, фирмата која е сопственик на клубот и која забележа големи загуби во текот на пандемијата.

Во Интер на крајо на минатата година доцнеа платите по неколку месеци, иако на крајот им беа исплатени, а Сунин пред чеитири дена објави дека нивниот кинески клуб и првак на Кина, Џиангсу Сунинг ФЦ, ќе престане да постои и дека повеќе нема да се натпреварува.

Интер во летниот преоден рок потроши речиси 100 милиони евра за нови играчи, но многу брзо се покажа дека тоа и не беше најпаметен потег. Како што пишува Кориере дело Спорт, лидерот во Серија задоцнил на Манчестер Јунајтед да му исплати 4.5 милиони евра, на име еден од бонусите во договорот за трансферот на Лукаку. Англичаните сега можат поради клаузулите да му направат плус проблеми на Интер.

Имено, Јунајтед има право да бара исплата на целиот преостанат износ наеднаш, ако Интер закасни со било која рата за трансферот или исплата на бонуси. Интер на Манчестер Јунајтед му должи 45 милиони евра, од вкупните 80, колку што платија во 2019 година. Но, тие пари сега Италијанците ги немаат.

Кориере дело Спорт тврди дека Манчестер Јунајтед е подготвен да земе некој играч како компензација, а го барале Милан Шкриниар или Лаутаро Мартинез. Како што пишува весникот, Интер нема премногу избор, ако итно не „измисли“ 45 милиони евра, што од моментална гледна точка изгледа невозможно. Најверојатно, Аргентинецот кој има откупна клаузула од 111 милиони евра, не доаѓа во предвид, но не е невозможно навистина некој од клучните играчи на Интер, да замине во Јунајтед.