Првиот човек на премиерлигашот Брајтон, Пол Барбер потврди дека сликата во неговоит клуб е далеку од розова и дека потврдата дека трет фудбалер од првиот тим е позитивен на Ковид-19 ги прави работите комплицирани.

„Покрај сите мерки кои ги преземавме за заштита во последните неколку недели, играчите мораше да тренираат сами, во изолација или воопшто да не тренираат, ние имаме уште едно лице, наш фудбалер кој е позитивен на тестот.“ – изјави Барбер.

Премиер лигата е суспендирана од 13 мај, во меѓувреме беа направени серија состаноци и донесени повеќе заклучоци во однос на можниот рестарт на сезоната.

По ова што се случува во Брајтон, утрешниот состанок меѓу челниците на Премиер лигата, представниците на клубовите и Владата на Англија, тешко може да се очекува позитивно решение, односнот договор за продолжување на сезоната на почетокот од јуни.