Италија и официјално е третата земја со најмногу заразени од Корона вирусот. Поради епедемијата, веќе беа одложени дел од натпреварите во повеќе фудбалски конкуренции минатиов викенд а има најави и за одложување на сите останати закажани за оваа седмица заклучно со 1 март.

„Мислам дека една недела нема да биде доволно време за да го успориме ширењето на вирусот и да го превенираме масовното ширење. Ова значи дека најверојатно ќе мораме да ги одложиме систе спортски настани. Ја следиме ситуацијата и ќе видиме што ќе се случува но изгледно е дека ќе ги одложиме натпреварите од сите спортови закажани за следниот викенд.“ – изјави премиерот на Италија, Џузепе Конте.

Ова значи дека нема да бидат одложени само натпреварите во Серија А, Б, Ц и аматерските конкуренции туку и дуелот на Интер со Лудогорец закажан за во четврток во ренваш фазата од 1/16 финалето во Лига Европа.

Ова е само дел од „сликата“ на Апенините. Маркетите се веќе празни а недостигаат и лекови.