Ајакс испрати тројца свои членови од стручниот штаб во карантин, откако се дозна дека биле во контакт со особа заразена од коронавирусот.

Се работи за тројца асистенти на тренерот Тен Хаг, односно за помошникот трене Кристијан Поулсен, кондициониот тренер Александро Шонмејкер и клупскиот физиотерапевт. Тие во наредните денови ќе бидат во домашен карантин и ќе бидат опсервирани, па ако се забележат симптоми на болеста, тогаш ќе се преземат мерки и за целата екипа, која била во контакт со своите тренери.

Навистина, тројца наши вработени се дома од превентивни причини“, потврди портпаролот на Ајакс Миел Бринкхуис.

Клупскиот доктор на Ајакс им посоветува на сите тројца да ја мерат температурата на секои неколку часа, а ако добијат грозница ќе мораат да бидат хоспитализирани.