Пред гостувањето на Тотенхем во Пловдив во рамки на квалификациите за Лигата на Европа, менаџерот Жозе Мурињо треба да се справи со случаи на коронавирус во својот тим, објавија лондонските медиуми.

Мирињо призна на прес конфереција по неделниот премиерлигашки натпревар против Евертон дека има заразени фудбалери во тимот, но одби да изнесе имиња.

Весникот „Сан“ пишува дека дефанзивецот Хари Винкс со сигурност е позитивен на коронавирус, а заразени се најверојатно и Џовани Ло Селсо и Џафет Танганга.

Мечот од второто квалификациско коло во Лигат на Европа меѓу Локомотив Пловдив и Тотенхме се игра в четврток.