Напаѓачот на Реал Мадрид Лука Јовиќ е позитивен на коронавирус, соопшти денеска „кралскиот клуб“.

Јовиќ бил тестиран позитивен по враќањето од репрезентативните настапи во дресот на Србија на кои постигна три гола, еден против Шкотска и два против Русија во Лигата на нации.

Српскиот репрезетативец ќе го пропушти мечот на Реал Мадрид против Виљареал в сабота во Ла Лига.