Хрватскиот прволигаш Риека на македонскиот репрезентативец Дарко Велкоски објави денеска дека двајца играчи на клубот се позитивни на коронавирус.

Согласно здравствените протоколи, идентитетот на заразените фудбалери не е објавен.

Риека во саботата го совлада Вардаждин со 2-1,  а Велкоски остана на клупата за резерви.