Коронавирусот продолжува да коси во Шпанија.

Двајца од стручниот штаб на Алавес се со потврдени позитивни резултати на тестовите за Ковид 19.

Сите играчи и членови на стручниот штаб веќе в понеделник ќе бидат тестирани, а до тогаш сите во Алавес се повлекуваат во карантин.

Алавес уште минатата седмица презеде строги мерки за безбедноста на играчите, но тоа очигледно не даде резултат.