Стравот од коронавирусот прети да го сопре спортот воЛ омбардија и Венето, а можеби и во цела Италија.

Уште вчера беа одложени околу 40 аматерски натпревари, откако кај еден од фудбалерите се откриени симптомитена болеста.

Денеска најпрво се одложени средбите Интер – Сампдорија, Аталанта – Сасуло и Верона – Каљари, а веќе стигна и информацијата за одложување на натпреварот меѓу Торино и Парма.

Во опасност е и средбата од 1/32 финал на Лига Европа, меѓу екипите на Интер и Лудогорец, која треба да се игра в четврток и која е исто така средба од висок ризик.

Претпоставка е дека таа средба ќе се одигра пред празни трибини.