Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо сериозно размислувал да започне преговори со ПСЖ за трансфер ова лето во Франција.

Според „Франс Фудбал“, Португалецот сакал да игра заедно со Нејмар и Мбапе во новата сезона, но поради финансиската криза и промените кои го зафатија фудбалот, се откажал од оваа идеја.

Роналдо се поврзуваше со трансфер во ПСЖ летото кога го напушти Реал Мадрид и се пресели во Торино.

Португалецот оваа сезона ја освои титулата во Серија А но ја загуби трката со Имобиле за златната копачка.