Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, го објави списокот на играчите за пријателскиот турнир во Доха. На овој список се и четворица репрезентативци кои настапуваат во Италија и за кои со сигурност се знае дека нема да патуваат за Катар, бидејќи тамошните власти веднаш ги ставаат во 14-дневен карантин сите што доаѓаат од Италија, па макар и да се спортисти.

Тоа значи дека Марцело Брозовиќ (Интер), Анте Ребиќ (Милан), Марио Пашалиќ (Аталанта) и Милан Бадељ (Фиорентина) нема да патуваат за Доха.

Хрватска во Доха ќе игра со Швајцарија (26 март) и со Португалија (30 март).