Опасниот коронавирус ја однесе и првата спортска жртва.

Иранската спортистка Илхам Шејхи почина од компликации предизвикани од коронавирусот.

23-годишната Шејхи беше репрезентативка на Иран во футсал, а почина по десетдневна борба со болеста.

Досега од вирусот починаа близу 3000 луѓе.