Вкупно 14 фудбалери на италијанскиот прволигаш Џенова се заразени со коронавирус, соопштено е официјално вечерва, а засега нема информации дали меѓу играчите позитивни на Ковид 19 е и македонскиот капитен Горан Пандев.

Согласно протоколите, од италијанскиот тим не соопштуваат за кои играчи станува збор и дали Пандев е меѓу позитивните.

Тестовите биле направени денеска, по вчерашното гостување на екипата во Неапол. Целиот тим е веднаш ставен во изолација.

Првиот случај на коронавирус цо Џенова беше потврден во петокот по позитивниот тест на првиот голман Перин.