За време на видеоконференцијата меѓу претставниците на клубовите од Серија „А“ дојде до жолчна расправија меѓу претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, и неговиот колега од Лацио, Клаудио Лолито.

Како што информира La Gazzetta Dello Sport, Лолито и претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, беа за тоа екипите да продолжат со тренинзите, што би било можно само ако фудбалерите се преселат во тренинг базите и немаат повеќе контакт со своите семејства.

Оваа идеја не му се допадна на Ањели, кој го обвини Лолито дека мисли само на својата положба на табелата, но не и на безбедноста на своите фудбалери. Овие зборови го налутија Лолито и тие почнаа да се расправаат.

Серија „А“ е сопрена на неодредено време, но подоцна ќе се дискутира за неговото обновување.