Еден фудбалер на хрватскиот првак Динамо Загреб е заразен од коронавирус, откако направените тестови покажале позитивен наод.

Идентитетот на фудбалерот на хрватскиот првак чиј капитен е македонскиот репрземтативец Аријан Адеми не е објавен.

„Ја известуваме јавноста дека еден наш играч е позитивен на корона вирус. Согласно законот за заштита на личните податоци, неговиот идентите не сме во можност да го објави“ соопшти загрепскиот клуб.

Сите фудбалери на Динамо Загреб в четврток ќе бидат тестирани на Ковид 19.