Горан Пандев ќе го носи дресот на Џенова и во следната сезона. Ова го тврди неговиот агент Леонардо Корзи во изјава за „Тутомеркато“.

„Да, тој ќе остане во Џенова уште една година. Тој е среќен во овој клуб. Го гледаат како лидер надвор од теренот и тој факт го знаат и навивачите. За него Џенова е втор дом. Горан е на одмор но тренира со неговиот клуб во Струмица. “ – вели Корзи.

Капитенот на нашата серниорска репрезентација со оваа сезона ќе направи 16 години како дел од фудбалот на Апенитните. Најавите дека ќе ја напушти Џенова нема да се реализираат па извесно е дека Пандев ќе ја заврши кариерата во Италија.