На 18 февруари Атлетико на својот стадион ќе го прими Ливерпул во првиот осминафинален натпревар од лигата на шампионите.

Додека кај Ливерпул е се во ред, Диего Симеоне е пред вистински кошмар, бидејќи може да се случи да се појави без дури седуммина повредени играчи од основниот состав.

Големо прашање е дали Симеоне ќе може да смета на Диего Коста, Жоау Фелиш, Алваро Мората, Хектор Ерера, Хозе Хименез, Киран Трипие и на Сантјаго Ариас.