Агентот Марк Косике ги демантираше гласините дека Ралф Рангник и Милан се во преговори за негова преселба во Милано и превземање на италјанскиот гигант.

Изминатите денови медиумите во Италија пишуваа дека  поранешниот тренер на РБ Лајпциг е пред превземање на Милан, а токму тој беше главната причина за несогласувањата меѓу извршниот диркето Газидис и спортскиот директор Звонимир Бобан, на кого му е врачен отказ.

„Газидис и Рангник се познаваат со години и честопати зборуваат заедно. Но засега нема планови да соработуваат заедно. Во моментов има и други приоритети“-изјави Косике за Германски „Билд“.