Диего Коста, актуелен напаѓач на Атлетико Мадрид за медиумите во Шпанија изјави дека тренерот на Интер, Антонио Конте не спаѓа во врвните во Европа.

Според Коста кој соработуваше со Конте во Челзи и ја освои титулата во 2017 година во Премиерлигата, Италијанецот не е меѓу топ тренерите во Европа.

„Јас и Конте имавме многу проблеми на теренот, тој не е добар тренер и човек, тој нема ништо човечко во него, да дојдеше во Реал немаше да издржи ни една сезона“  – изјави Диего Коста.

Диего Коста во моментов е член на Ателтико Мадрид, во оваа екипа дојде од Челзи во 2017 година.