Тихомир Костадинов е еден од играчите кој блесна на средбите со Австрија и Израел во квалифкациите за ЕУРО 2020, покажа дека го заслужи повикот, возврати со одлична игра.

Фудбалерот на Ружомберок против Австрија дебитираше а против Израел го потврди својот квалитет, вечи дека Македонија има генерација за пласман на ЕП.

„Оваа генерација има голем квалитет и тимски дух, Косово е квалитетна репрезентација со одлични поединци, но ние ќе го дадеме максимумот и можеме да се надеваме на пласман на историско Европско првенство“ – изјави Костадинов за дриблинг.мк

Костадинов е задовлен од прикажаното против Австрија и Израел, екипата е пред поединецот, најавжни се победите.

„Задоволен сум од тоа што го одиграв, мислам дека на двата натпревари одиграв добро, драго ми е што квалификациите ги завршивме со победа и третото место“ – заврши Костадинов.