Наполи го совлада Торино со 2:1 но стрелецот на првиот гол за домаќините не е задоволен од целокупното издание на неговиот тим.

Тој прстот го впери кон напаѓачите од кои бара поголема концентрација и ефикасност.

„Ние сме во оваа позиција на табелата затоа то не ги користиме шансите за гол доволно. Ова беше добар натпревар но повторно имавме проблем со реализацијата. На крајот од денот една шанса беше доволна за да примиме гол. Поради вакви грешки се на ова место на табелата. Ја губиме концентрацијата напред а потоа и во одбраната.“ – изјави Манолас.